БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Лишени од слобода двајца возачи за возење под дејство на алкохол на територија на СВР Штип

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Денеска (06.04.2025) во два одвоени случаи, во Штип и во Пробиштип лишени од слобода се лицата Д.Ј. (35) од Штип и С.Г.(45) од с. Соколарси, општина Чешиново-Облешево. Во првиот случај при контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „Туран“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Д.Ј. и по преземени мерки било констатирано дека лицето е под дејство на алкохол, односно дека има 1,55 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица. Во вториот случај исто така при контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „голф“ со кочански регистарски ознаки, кое го управувал С.Г. за кого било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,64 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица.

По целосно документирање на случаите против лицата ќе бидат поднесени пријави по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

-Извор: МВР

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Креирано од:


Пренеси го гласот