Веќе стана секојдневие на јавна сцена во Македонија како МВР посветено се справува со криминалот и криминалците во државата. И тоа можеби во некоја нормална западноевропска држава не би било некоја спектакуларна вест, доколку ја немаме во предвид зачмаеноста на органите на прогонот во изминатите децении во разни консталации на поставеност на власта во Македонија.
Но она што дава уште поголем зрак на надеж кај граѓаните се резултатите на актуелната власт особено во Министерството за внатрешни работи управувано под палката на Министерот Панче Тошковски во сузбивањето на т.н. Висока Корупција кај различни високо позиционирани функционери во различни временски периоди на власта.
Така во напорите за сузбивање на корупција на високо ниво како никогаш претходно Македонските граѓани можеа да видат случај во кој е осуден Врховен суд и Јавен Обвинител од Совет на јавни обвинители поради влијание во случај поврзан со илегално производство на марихуана.
Од страна на органите во МВР минатите месеци беше спроведна акција која влезе длабоко во полето на т.н. стопански криминал или уште поспецифично на полето за пресметка со енергетска мафија во енергетскиот сектор. Шпекулациите предизвикани преку злоупотреба на тендери и манипулации со јавни набавки, овозможија рапиден скок на високи цени за потрошувачите за различни енергенси но и драстично загадување на животната средина во Македонија, особено во Скопје. Поднесени беа кривични пријави против точно определени поединци на високи државни и општествени функции кои што според индициите се богателе на грбот на граѓаните предизвикувајки опасност по јавното здравје и безбедност. Процесот е во рацете на судско-обвинителскиот систем кој што понатаму треба да го процесуира се до конечна одговорност.
Понатами МВР зададе сериозен удар на криминал кој што се случувал преку злоупотреби на државна лотарија. Покрај поднесените пријави и предавање на случајот на Јавното обвинителство кое што треба да ги гони одговорните во судските сали дознаваме дека се спроведуваат истраги за нетранспарентни трансакции, пренос на средства кон фирми со партиска поврзаност.
Во здравствениот сектор каде што корупцијата е присутна во речиси секое ниво, МВР оформи предмет за истрага за Директорот на ЈЗУ „Геријатрија“ е под сомнение поради примање поткуп.
Вчерашниот случај на приведување на Претседателката на Државната Комисија за спречување на корупцијата заедно со други лица поврзани со случајот за енергетската мафија, зборува за праксата дека нема да престанат напорите на актуелната власт и Министерот Тошковски за доследна е неприкосновена борба за правда во државата, без разлика што на удар се восико функционери од државната управа и општество.
Оваа нова слика која што секојдневно се дооформува во Македонија е реалност на која можеби многумина не се навикнати, но секако е потребна и тоа како посакувана од страна на Македонските граѓани кои се жедни за правда, конечно.
Сомничавоста на граѓаните во делувањето на институциите е и тоа како оправдана како резултат на повеќе од триесет години отуѓување на тие институции од потребите и волјата на Македонските граѓани. Ваквата доверба на народот кон своите институции е потребно време да се изгради во вистински партнерски однос на дневна основа, но актуелните обиди на Владата на Премиерот Мицкоски и Министрите се токму во таа насока за враќање на владеењето на институциите според потребите и волјата на овој народ.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Стравот посилен од науката, како дезинформациите ги одвраќаат родителите од вакцинирање
На кого му пречи силно ДПД Делчево????
Македонски фармери на содржини:„Минатото никогаш не умира. Тоа дури не е ни минато.“