БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Авторите на научното дело „Македонски дијалектен атлас“ добитници на овогодинешната награда “Гоце Делчев”

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

👏Честитки за авторите на научното дело „Македонски дијалектен атлас“ (од ризницата на картотеката-лексички материјали) кое ја доби државната награда „Гоце Делчев“ за 2025 година, со која се оддава општествено признание за особено значајни остварувања во областа на науката.

📌Ова научно дело ја отсликува работата на сите претходници и современици, а со тоа исцртува не само слика за лексичкото богатство на македонската дијалектна територија, туку и слика за долгогодишната ангажираност на дијалектолозите во овој мошне значаен проект за македонистиката и за славистиката.

👉Актуелната Влада значително го подобри третманот на науката и на високото образование, преку зголемени инвестиции, но и преку јакнење на регулативата која ги уредува овие области.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

✅Прв наш чекор беше изработката на Предлог Националната програма за научно-истражувачка дејност – стратешки документ кој ќе биде основа за креирање на релевантни политики. Сега работиме на нови законски решенија за високото образование и научно – истражувачката дејност.

✅Буџетот за наука во 2025 изнесува 680 милиони денари и речиси двојно е поголем од ланскиот. Започнавме со негова распределба и веќе се објавени три конкурси за финансирање на национални научно истражувачки проекти на јавните високообразовни и научни установи, на МАНУ и проекти изработени во партнерства со бизнис заедницата, со фокус на исполнување на целите од Стратегијата за паметна специјализација.

-фејсбук статус на Министерката за образование и наука Весна Јаневска

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace