Честитки за авторите на научното дело „Македонски дијалектен атлас“ (од ризницата на картотеката-лексички материјали) кое ја доби државната награда „Гоце Делчев“ за 2025 година, со која се оддава општествено признание за особено значајни остварувања во областа на науката.
Ова научно дело ја отсликува работата на сите претходници и современици, а со тоа исцртува не само слика за лексичкото богатство на македонската дијалектна територија, туку и слика за долгогодишната ангажираност на дијалектолозите во овој мошне значаен проект за македонистиката и за славистиката.
Актуелната Влада значително го подобри третманот на науката и на високото образование, преку зголемени инвестиции, но и преку јакнење на регулативата која ги уредува овие области.
Прв наш чекор беше изработката на Предлог Националната програма за научно-истражувачка дејност – стратешки документ кој ќе биде основа за креирање на релевантни политики. Сега работиме на нови законски решенија за високото образование и научно – истражувачката дејност.
Буџетот за наука во 2025 изнесува 680 милиони денари и речиси двојно е поголем од ланскиот. Започнавме со негова распределба и веќе се објавени три конкурси за финансирање на национални научно истражувачки проекти на јавните високообразовни и научни установи, на МАНУ и проекти изработени во партнерства со бизнис заедницата, со фокус на исполнување на целите од Стратегијата за паметна специјализација.
-фејсбук статус на Министерката за образование и наука Весна Јаневска


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Заменик-министерот Ристески се обрати на отворањето на Првиот Бизнис форум во општина Делчево „Заедно да подадеме рака на развојот“
ДКСК го објави Каталогот на пријавени подароци за избрани и именувани лица за 2025 година
Финансиска полиција поднесе пријава против поранешен претседател на Стоматолошката комора на Македонија