Во организација на Шаховскиот клуб „Кочани“, се одржа 4. Меморијален турнир „Тодор Милосиев-Тошо“. Во спомен на долгогодишниот претседател, шаховски тренер и еден од најактивните членови на Шаховскиот клуб, настапија 20 учесници од најразлични возрасти.
Првото место на турнирот го освои интернационалниот шаховски мајстор Ванчо Стаменков, второто – Гоце Ѓорѓиев, а третото – Бошко Стаменков.
– Пред 20-ина години, имав чест да ја учам шаховската игра од Тодор Милосиев. Тој беше вицешампион во проблемски шах на ниво на Југославија, беше претседател на клубот кога „Кочани“ и „Алкалоид“ го делеа првото место на Државниот шампионат во 2012 година и кога „Кочани“ учествуваше во шаховската Лига на шампиони.
Наша задача е, повторно да го вратиме Кочани во редот на најшаховските градови. Тоа ќе го направиме преку иницијативи како што е „Шах за секое дете“, потоа со пренесување на знаењето од кочанските врвни шахисти на младите и со организација на квалитетни турнири – истакна во обраќањето в. д. градоначалникот на Општина Кочани Венко Крстевски.
Меморијалниот шаховски турнир „Тодор Милосиев-Тошо“ се реализира со финансиска поддршка од Општина Кочани.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Заложбите на градоначалникот на Берово Петар Ружински даваат резултати: Две нови големи инвестиции во Малешевијата за подобар стандард за сите беровчани
Нова перспектива за развој на локалната економија во Пехчево
Стоп за досегашната фушерајска изградба на градежни работи во Делчево