СВР Штип поднесе кривична пријава против Г.Н.(54) од Виница, вработен во Центар за јавно здравје Виница поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ и против Љ.К.(62) од Виница, вработен во Центар за јавно здравје Виница поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување или уништување деловни книги“.
Првопријавениот, во периодот од 01.01.2020 до 07.11.2023, во повеќе наврати впишал и издал здравствени прегледи во санитарни книшки и евидентни листови со ист сериски број издадени на повеќе правни лица со невистинита содржина и не ги евидентирал во евиденцијата на Центарот за јавно здравје Кочани со што го оштетил буџетот на Центарот за јавно здравје за износ од 89.200 денари. Додека, второпријавениот, кој бил задолжен за водење на евиденцијата на Центарот за јавно здравје, во амбулантскиот дневник за евидентирани здравствени прегледи, во периодот од 29.03.2022 до 07.11.2023 во повеќе наврати не ги евидентирал редоследно сите извршени здравствени прегледи за 2022 и 2023 година.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Заложбите на градоначалникот на Берово Петар Ружински даваат резултати: Две нови големи инвестиции во Малешевијата за подобар стандард за сите беровчани
Нова перспектива за развој на локалната економија во Пехчево
Стоп за досегашната фушерајска изградба на градежни работи во Делчево