БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Средба на МЕП Муртезани со претставници на Европската агенција за дроги (EUDA)

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, денеска имаше средба со претставници на Европската агенција за дроги (EUDA), на која што се разговараше за продлабочување на институционалната соработка и усогласување со европските стандарди во борбата против трговијата со дрога.

На средбата се разговараше за значењето на навремената размена на информации преку европскиот систем за рано предупредување, како и за улогата на земјите кандидатки за членство во ЕУ во заедничките напори за заштита на јавното здравје и јакнење на безбедноста во регионот и пошироко во Унијата.

Соговорниците ја нагласија потребата од зајакнување на капацитетите на националните институции, како и на важноста од постоење на функционален систем за рано предупредување и мониторинг, согласно европските практики. Тие ја реафирмираа заедничка посветеност кон европските вредности, при што беше изразена подготвеност за натамошно продлабочување на техничката и експертската соработка помеѓу Северна Македонија и EUDA, како дел од поширокиот процес на евроинтегрирање.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace