БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

В. д. градоначалникот Крстевски на средба со директорот на „Амфенол“ Наков и со жители на Тркање

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Со цел ефикасно и ефективно да се реши проблемот со улицата „Мите Стојчев“ во селото Тркање, в. д. градоначалникот на Општина Кочани Венко Крстевски денеска одржа средба со директорот на „Амфенол технолоџи Македонија“ Сашко Наков и со жителите на Тркање.

Образложувајќи ги предлозите за решавање на проблемот, Крстевски изрази благодарност за општествената одговорност на „Амфенол“ и најави дека со поддршка од Советот на Општина Кочани, во наредниот период треба да се направи ребаланс на Буџетот за да се рехабилитира улицата „Мите Стојчев“ и да се започне постапката за изградба на пат за поврзување на месноста Цацков Бунар со постоечкиот алтернативен пат Кочани – Тркање.

Општина Кочани започнува со санирање на оштетените делови од улицата „Мите Стојчев“ во Тркање.Жителите на Тркање коишто присуствуваа на состанокот се заблагодарија за разбирањето и поддршката од „Амфенол“ и Општина Кочани.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace