БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Претрес во Скопје поради компјутерски фалсификат, неовластено навлегување во компјутерски систем

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

На 16.05.2025 во Скопје, по добиена судска наредба, полициски службеници од Секторот за комјутерски криминал извршија претрес во дом и други простории кај Л.К. (21) од Скопје, по претходно спроведена истрага поради постоење на основи на сомнение за сторени кривични дела „правење, набавување или отуѓување средства за фалсификување” казниво по член 271 од КЗ, кривично дело „компјутерски фалсификат” казниво по член 279-а од КЗ, кривично дело „злоупотреба на лични податоци“ казниво по член 149 од КЗ и кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“ казниво по чл.251 од КЗ. При претресот пронајдени се и одземени еден десктоп компјутер, три хард диска, два лаптоп компјутери, пет усб стикови, три мобилни телефони, околу 4.000 евра, уплатници и исплатници, како  и фалсификувани паркинг налози од ЈП Паркинзи на општина Центар и полициски картички со логото на МВР. По документирање на случајот, ќе биде поднесена кривична пријава до Основното јавно обвинителство.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace