БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Левица: Власта бесрамно се фали со донациите на граѓаните за семејствата на жртвите и повредените во Кочани

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Левица ја оценува како крајно дрска и сулуда вчерашната изјава на директорот на Службата за општи и заеднички работи на Владата, Ивица Томовски, каде тој истакна дека се поделени по 150.000 денари помош на сите семејства. Тој дволично истакна дека Кочани е во фокус на владата од самиот почеток и дека ќе остане така.

Но фактите говорат поинаку. Додека граѓаните преку Црвениот крст и платформата Support Kochani донираа над 3.200.000 евра, Владата потроши само 487.000 евра – за трошоци за транспорт и лекување во странство на потешко повредените. Тоа претставува срамен однос од приближно седум спрема еден за донациите на граѓаните наспроти помошта од Владата. И тоа е спротивно на првичните изјави на власта дека државата ќе донира по 150.000 денари првична помош за секое семејство!

Владата на ДПМНЕ, ВРЕДИ и ЗНАМ не мрда со прст ниту за кочанската болница која е неопремена, со несоодветни услови и недоволно кадар. Потребната терапија, креми, компресивни ракавици и помагала за рехабилитација сè уште се обезбедуваат исклучиво од донации на обичните луѓе.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Парадоксално, директорот Томовски во истата изјава говореше и за нужноста да се набави нов прескап владин авион! Потсетуваме дека оваа Влада која има обезбедено само 30 милиони денари за погодените од трагедијата во Кочани – за неполна една година од владеењето потроши 40 милиони денари за владиното мени со аспарагус, лигни, папаја и алкохоли. Потсетуваме и дека владини функционери на државна сметка отидоа на скапа и непродуктивна екскурзија во Јапонија заедно со своите сопруги, а исто така за владини екскурзии се изнајмуваа и приватни авиони од државната каса!

Трагично и крајно револтирачки е што за трагедија која одзеде 62 млади животи, за трагедија која никако не настанала поради вина и небрежност на тие деца, туку поради длабока корумпираност на властите – сепак актуелната владејачка гарнитура не гледа за сходно навистина да помогне и да почувствува одговорност. Наместо извлекување поука, гледаме продолжување на истата незаинтересираност, рамнодушност, ароганција и прикривање кое ја предизвика трагедијата.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace
HTML Image as link Ваша идна дестинација за посета
An image from Squarespace