Денеска на прес конференција од партиското седиште на Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ Делчево Д-р Адријана Илиевска Велковски ја најави акцијата “Биди промената која ја посакуваш! ПРЕДЛОЖИ ИДЕЈА- ИСКАЖИ СТАВ” која што се реализира од страна на оваа политичка партија на локално ниво во рамки на кампањата “Го сакам Делчево”.
Станува збор за акција во која што тимови на ВМРО-ДПМНЕ предводени од советници во општинскиот совет ќе ги посетат сите населени места, секое маало и секој дом во општина Делчево за да извршат соодветна сондажа за потребите, ставовите и размислувањето на сите граѓани на општината Делчево, врз основа на што потоа ќе биде изработен динамички план за реализација на мноштво проекти кои што ќе го имаат во предвид секој еден граѓани на општината.
“Силно мотивирани и решени да овозможиме подобар живот за што е можно повеќе граѓани на Делчево и сите населени места во нашата општина, започнуваме широка акција за сондажа на потребите на секој граѓанин, секој жител на општина Делчево. Како одговорна најголема политичка сила во Македонија и во Општина Делчево убедени сме дека секој граѓанин може да допринесе со својот став, своето мислење, предлози и идеи за развојот на нашето родно огниште од заеднички интерес.
Почитувани граѓани на општина Делчево,
Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ при Советот на Општина Делчево со специјално назначени тимови од повеќе јавни сфери во нашата општина во наредниот период започнува со реализација на втор дел од нашата кампања “Го сакам Делчево” која ја започнавме пред повеќе од две години заедно со граѓаните.
Во рамки на овој долгорочен процес досега се реализирани голем број на афирмативни содржини кои што пополека почнаа да стануваат препознатлив лик за позитивни промени на нашето Делчево.
Започнувајки од понеделник 16 јуни 2025 година тимови предводени од советници на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Општина Делчево во наредните две недели ќе ја реализираат акцијата “Биди промената која ја посакуваш! ПРЕДЛОЖИ ИДЕЈА- ИСКАЖИ СТАВ”.
Во рамки на оваа акција предвидено е сондажа во форма на слободна анкета за потребите, проблемите и визијата за развој на Делчево на секој еден жител на нашата општина.
Почитувани делчевчани, вашето мислење е од најголема важност за развојот на Делчево. Вашиот став е потребен за да изградиме успешна и просперитетни иднина за овој дел од Република Македонија.
Прибраните мислења, ставови, предлози и идеи за развој на Делчево ќе бидат обработени по завршување на теренската сондажа која ќе ја спроведеме како претставници на граѓаните на општина Делчево во делчевскиот совет по што во периодот што следи ќе допринесеме во креирање на развоен Буџет на Општина Делчево за 2026 година која што веруваме дека ќе биде година на препород на Делчево.
Немаме веќе време да губиме со ситни меѓупартиски несогласувања. Делчево и Македонија имаат потреба од развој на брза патека со вонсериски напори на секој еден граѓанин кој што Македонија ја сака на најдобриот можен начин со дела и сопствен пример на борба и залагања.
Термините за посета на сите населени места, секоја населба, секое маало и секој дом ќе бидат благовремено предвреме најавувани на нашите социјални мрежи, во јавност така што заедно со секој граѓанин ќе постигнеме максимален ефект на оваа акција која ќе донесе квалитетни насоки за развојот на нашата заедничка иднина.”
-рече денеска на прес конференцијата од Централниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ ОК Делчево Д-р Андријана Илиевска Велковски.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Заложбите на градоначалникот на Берово Петар Ружински даваат резултати: Две нови големи инвестиции во Малешевијата за подобар стандард за сите беровчани
Нова перспектива за развој на локалната економија во Пехчево
Стоп за досегашната фушерајска изградба на градежни работи во Делчево