Некогашниот спортски и ракометен ас а денес Министер за спорт и млади во Владата на Република Македонија предводена од Премиерот Христијан Мицкоски, Борко Ристовски на прес конференција даде јавен отчет за сработеното во измината прва година од неговиот мандат.
“Кога пред една година го формиравме Министерството за спорт, јасно си поставивме цел: да го вратиме спортот таму каде што припаѓа, да создадеме систем што ги поддржува спортистите, инвестира во младите и што промовира вистински вредности.
Заедно со мојот тим вложивме многу труд за да ја изградиме новата спортска политика – транспарентна, отчетна и фокусирана на резултати. Не нудевме алиби – нудевме работа. Денес, 365 дена подоцна, стоиме зад следните резултати:
Рекордни 20 милиони евра директна поддршка за македонскиот спорт
Исплатени 550 милиони денари заостанати субвенции од претходната власт
Исплатени 440 милиони денари нови субвенции за 2025 година (прв дел)
500 стипендии “Спортска надеж” за млади талентирани спортсити
Национално признание за 22 истакнати македонски спортисти – освојувачи на европски и светски титули во екипните спортови.
Инвестиции во спортска инфраструктура:
• Комплетна реконструкција на салите во Радовиш и Ново Село
• Изградба на нова атлетска патека во Гевгелија
• Изградба на нова сала во Воената академија во Скопје
• Почната реконструкција на салата „Расадник“,
• 15 нови игралишта низ цела Македонија
• 15 реконструирани спортски центри
• Пет базени (Скопје, Кичево, Битола, Штип) во финална фаза
• Продолжена изградба на базенот во Охрид, по 9 години застој
Капитални инвестиции:
• Реализација во 2024: 98,26%
• Реализација за првите 6 месеци од 2025: 74,32%
Потпишавме и меѓународни договори со Србија и Црна Гора и ја вклучивме Македонија во важни регионални спортски иницијативи.
Благодарност до сите што веруваат во оваа промена – федерации, клубови, спортисти, тренери, родители и граѓани.
Ги градиме темелите на промените.
ЗА ТВОЕТО ВРЕМЕ КОЕ ДОАЃА! ![]()
“
-напиша на социјалните мрежи Борко Ристовски во врска со својот Отчет за едногодишното свое работење.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Новото раководство на Комората оствари средба со министерот за здравство
Одбележан патрониот празник на ООУ „Крсте Петков Мисирков“ во Оризари
Предложен притвор за вработен во ДЗС осомничен за поткуп