БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Многу малку напад на политичките противници, со силна визија за иднината на Делчево: Емисија вредна за победа во прв круг

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Претседателот на Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ и кандидат за Градоначалник на општина Делчево на претстојните локални избори Иван Гоцевски, во својство на координатор на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во актуелниот Совет на Општина Делчево, во текот на вчерашниот ден беше дел од емисијата “Што мисли народот” која што се емитува на регионалната Телевизија Стар од Штип.

По гледање на целата емисија генерален впечаток е дека конечно на јавна сцена во овој дел од државата може да видиме еден нов модерен тип на политичар со сериозни лични и професионални капацитети воден од чесна и достоинствена мисла по мерка на сите граѓани на општина Делчево. Од самиот тон на комуникација со водителот и јавноста во оваа емисија Иван Гоцевски го манифестира тоа што е негов најзначаен препознатлив белег- да биде трпелив да одговори на секое прашање од интерес на јавноста, со силен фокус во своите одговори за решенија кои што ќе значат подобрување на стандардот за живеење на секој еден граѓанин на општина Делчево.

Во целата емисија Иван Гоцевски вешто ги одбегнува сите можности за да ги нападне своите политички неистомисленици од позиција на локална опозиција во Делчево, иако за тоа има безброј аргументирани можности и причини, а е фокусиран на афирмација на сопствената визија за развојот на Делчево.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

“Делчево е една од општините каде што моменталната локална власт е под СДСМ, но граѓаните на последните Парламентарни и Претседателски избори, преку гласање покажаа дека не се задоволни од тоа што се случува во нашата општина и ние како Комитет извојувавме убедлива победа која што се очекува сега и на локалните избори,”

-рече Иван Гоцевски на почетокот од своето интервју со домаќинот на емисијата, што беше единствениот момент на некаков политички напад на работата на актуелната локална власт во Делчево предводена од СДСМ.

Во целиот тек од остатокот на едночасовната емисија Иван Гоцевски зборуваше за неговиот начин на работа кој што подразбира постојана и доследна комуникација со сите граѓани на општината за сите прашања од јавната сфера во Делчево а многу често и во решавање на индивидуални проблеми и помош од лична природа за секој еден граѓанин на Делчево.

Како резултат на тоа постојано движење помеѓу граѓаните и тоа од најмлади до највозрасни, од невработени до високи општествени функционери на државна функција, од земјоделци до поголеми стопанственици во општината и пошироко во Државата, Иван Гоцевски заедно со неговиот експертски тим кој што постојано се надградува веќе ги има забележано сите позначајни предизвици кои што го обременуваат развојот на Делчево, за кои што веќе има проектирано свои решенија во наредниот 4 годишен мандат најголем дел од овие проблеми да бидат совладани, секако со големата поддршка од Владата на Република Македонија и лично од Премиерот Христијан Мицкоски кој што докажа дека е голем пријател на Делчево и делчевчани во изминатиот период.

Покрај финансиската блокада на Буџетот на Општина Делчево од над 240 милиони денари, предизвиците кои го оневозможуваат развојот на Делчево според изнесената дискусија од страна на Иван Гоцевски во емисијата на ТВ Стар, може да се вбројат во следните пет категории на проблеми:

  • недостиг на сообраќајна поврзаност на Делчево со соодветна брзина и квалитет на проток на сообраќајот,
  • недостиг на конкурентски откупни центри на примарните земјоделски производи;
  • немање на развиена интегрирана туристичка понуда;
  • недоволен број на мали и средни претпријатија со нивна диверзификација во повеќе стопански дејности;
  • рудиментиран урбанистички развој застанат со децении во минатото,

За секој од овие предизвици во структурата на неговиот експертски тим предводен од самиот Гоцевски, веќе наголемо се разработуваат планови и активности за постепено подобрување на состојбите во секоја од овие 5 доминантни сфери, што како крајна цел го има развојот на подобар живот за секој еден жител на Делчево.

Во емисијата Иван Гоцевски зборува и за свои лични особености, лични мотиви и впечатоци зошто се нафатил да биде политички застапник на интересите на делчевчани во наредниот период, така што има што да се погледне и слушне во видеото во продолжение:

Креирано од:


Пренеси го гласот