Со ревизија на двете сметки на основниот буџет на државното правобранителство на Република Македонија, Државниот завод за ревизија Државниот завод за ревизија ги констатираше неусогласеностите со законските акти и системските слабости во работењето на Државното правобранителство на Република Македонија (две сметки).
Во делот на неусогласеностите на работењето на Државното правобранителство се идентификувани повеќе аномалии кои што треба да се променат а кои што одат наспроти актуелната законска регулатива за периодот за кој се однесува ревизорскиот извештај.
- неусогласеност на материјалната и финансиската евиденција во делот на набавната
вредност и исправката на вредност на опремата; - несоодветно евидентирање на долгорочни средства чија набавна вредност е поголема од 300 евра во денарска противвредност;
- начинот на вршење на пописот не е во согласност со законската регулатива;
- недефиниран начин на користење и располагање со недвижен имот и нерегулиран начин на подмирување на заеднички трошоци за греење;
- ангажирање на лица по договор на дело за работни места и задачи предвидени со актот за систематизација;
- не е назначен одговорен сметководител;
- недвижниот имот во кој е сместено државното правобранителство за подрачје Тетово не е осигурен од пожари и други непогоди и
- недоследности во процесот на спроведување на постапките за доделување на договори за јавни набавки
- остварување на приходи кои согласно Законот за Државното правобранителство се приход на Буџетот на Република Македонија.
Во однос на системските слабости во работата на Државното правобранителство се идентификувани следните точки:
- недефинирана постапка за оценување на квалитетот и ажурноста на работењето и
спроведување на дисциплинска постапка за државните правобранители; - регулирање на правото на надоместок за одвоен живот на државните правобранители за време на нивниот временски неограничен мандат и
- дефинирање на процесот на авансно плаќање и поврат на трошоците за постапки за извршување
- не е јасно прецизирано кој треба да остварува приходи по основ на награда на членови на одбор на доверители во стечајни постапки во кои Република Северна Македонија има побарувања, а истата е застапувана од страна на Државното правобранителство.
Целата информација со двата ревизорски извештаи заедно со збирен апстракт на извештаите се достапни на сл. линк за директен пристап до извештаите и до апстрактот.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Лишена од слобода 24 годишна жителка на Крива Паланка затоа што го нападнала својот сопруг со остар предмет
Голем успех за Македонија на светскиот избор Miss & Mister Planet 2026 во Грузија
Николоски: Преку 100 милиони денари инвестиции во инфраструктурата во Валандово. Ќе се реконструира и регионалниот пат Струмица -Валандово