Денеска претпладне на јавен настан беше презентиран новиот систем за управување со човечките капацитети во рамки на државната администрација и јавниот сектор.
На настанот приисуствуваа претставници од Владата предводени од Премиерот Христијан Мицкоски кој што се обрати пред присутните во салата со политички оцени за овој систем и неговата потреба и карактеристики на имплементација.
“Денеска присуствував на презентација на новиот модерен информационен систем за управување со човечки ресурси.
Клучот за доверба и стабилност е дигитална, транспарентна и отчетна администрација, со целосната имплементација на Информациониот систем за управување со човечки ресурси, правиме разлика. Од хаос кон систем. Од пристрасност кон дигитална евиденција. Од импровизација кон стратегија.
Оваа реформа ја носиме во време кога граѓаните одамна го изгубија трпението. И со право. Затоа што долго време имаше една логика- администрацијата како партиски плен, институциите како приватен имот. Ние градиме систем. А Информациониот систем за управување со човечки ресурси е значаен чекор.
Нашата визија е јасна- да создадеме професионална, стабилна и отпорна администрација. Да обезбедиме кариера, а не послушност. Ние сме влада што инсистира за гарантирана услуга- институцијата мора да одговори на граѓанинот во рок. Влада што отвори процес на идентификација на нерегуларности во администрацијата. Што постави контролен механизам за напредување според учинок. И што, најважно од сè, ја враќа довербата во институциите,”
-соопшти преку социјалните мрежи Премиерот Мицкоски во врска со овој настан.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Делегација на МВР учествуваше на 15. конференција на ИНТЕРПА во Доха, Катар
Министерот Клековски ги прими новоименуваните директори на три универзитетски клиники
По измените во проектната документација – продолжуваат градежните активности на Домот за стари лица во Кочани