БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Мицкоски: Зголемена е наплатата на приходи од Царината, тоа е резултат на принципиелна работа и борба против криминалот

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Денеска во Скопје се одржа настан за презентација на реализираните проекти и активности на Управата за Царинска управа на Република Македонија кои што оваа значајна државна институција ги реализираше во изминатата година.

Станува збор за реализиран учинок на вработените во Управата за Царинска управа искажан преку конкретни бројки и податоци на реализирани активности кои што директно се одразуваат позитивното работење на институцијата но и во крајна линија подобрување на животниот стандард на граѓаните. Станува збор за посветена работа на сузбивање на незаконски појави во доменот на ингеренции на Управата за Царинска управа кои што директно влијаат на справување со криминални дејства кои што имаат за цел да го оштетат државниот буџет од кој се финансираат проекти за подобрување на стандардот за живеење на сите граѓани на Македонија.

За конкретните активности, борба против криминалот и корупцијата, развој на системите за контрола на управните постапки, превенција и сузбивање на криминалот, наплата на зголемен износ на приходи исцрпно на настанот зборуваше Директорот на Царинската управа Бобан Николовски. Директорот Николоски информираше и за текот на активностите поврзани со пуштање во употреба на новиот граничен премин “Клепало” кај Берово и проширувањето на капацитетот на проточност на сообраќај на граничниот премин “Делчево”.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

На настанот се обрати и Министерката Гордана Димитриеска Кочоска која што зборуваше за позитивните финансиски импликации од успешното работење на Царинската управа во изминатата година.

На настанот се обрати и Премиерот Мицкоски кој што ја поздрави успешната работа на Царинската Управа во изминатата година и изрази определба таквиот позитивен нагорен тренд да продолжи и понатаму.

“За една година, со напорна работа, со визија и со домаќински пристап, ја враќаме државата на нозе – дел по дел, институција по институција, систем по систем. Еден од тие столбови што го гради новото време, што ги поставува темелите на промените, е токму Царинската управа.

Податоците сами по себе многу говорат.

Во текот на изминатата година, наплатени се приходи, како што кажа и директорот во висина од над две милијарди евра, а тоа се 105 милиони евра повеќе отколку во истиот период претходно. Тоа не е случајно. Тоа е резултат на принципиелна работа, на раководење без калкулации, на борба со сивата економија и корупцијата, и на јасна политичка определба – парите да одат кај граѓаните, а не во нечии џебови.

Затоа, денес растат приходите од царина како што кажа и директорот за 15,2 проценти, од акцизата растат за 7,1 процент итн.

Знаеме што значат овие бројки – тоа значи повеќе за пензии, за плати, за болници, училишта, патишта и за иднината на нашите деца. Тие пари до вчера завршуваа во сивата економија. Денес се враќаат кај народот.

Но се отвори и борба против сивата економија и криминалот, а за тоа говорат и бројките кои се споменаа дека до Основното јавно обвинителство и до Обвинителството за организиран криминал, поднесени се 181 кривична пријава. Тоа е речиси четири и пол пати повеќе во однос на годината претходно. Тоа е сигнал дека институциите конечно работат. Не затвораат очи, туку дејствуваат.

Ова не се само бројки. Ова е доказ дека Македонија се буди, дека системот конечно проработува. Ова е потврда дека ги градиме темелите на промените.

Особена благодарност упатувам до директорот на Царинската управа, господинот Бобан Николовски, и до целокупниот тим кој ја води оваа институција со знаење, одговорност и непоколеблива решителност да се спротивстави на секоја неправда, на секоја злоупотреба и на секој што се обидува да работи спротивно на законот.

Истовремено дозволете ми да се заблагодарам на сите членови на Владата коишто ја подржуваат работата на оваа институција, бидејќи оваа институција е од клучно значење за државата.

Граѓаните го препознаваат новиот пристап. Знаат дека не ветуваме чуда, туку работиме секој ден – од рано наутро до доцна навечер – за да изградиме систем кој не зависи од партиски книшки, туку од правда, отчетност и еднаквост.

Секако, знам дека многу работи допрва нè чекаат. Свесен сум за тешкотиите што ги носи секојдневието. Но исто така сум убеден дека времето на Македонија доаѓа. И тоа време ќе го создадеме со чесна и посветена работа. Не со лаги, не со криминални договори, туку со дела и резултати.

Овој извештај на Царинската управа е токму тоа, доказ за промена.

Денес, не правиме само отчет. Денес, праќаме порака: Македонија знае да се справи со предизвиците.

Знае да се бори. И знае да победи.

Време на одговорност, правда и напредок.

Време кога институциите не служат на поединци, туку на народот.

И нема да застанеме.

Ниту еден ден нема да биде изгубен.

Секој ден ќе биде нов чекор кон новата иднина која ја градиме – чесна, силна и просперитетна држава.

Ви благодарам и нека се множат успесите на Царинската управа.”

-рече во свето обраќање Премиерот Мицкоски на денешниот настан за давање Отчет за едногодишното работење на Царинската Управа.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace
HTML Image as link Ваша идна дестинација за посета
An image from Squarespace