БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

„Да ги заштитиме шумите од пожари“, превентивна активност на РЦГР Исток и ПС Делчево

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Исток и од Полициската станица од општа надлежност Делчево, вчера (17.07.) на подрачјето на општина Делчево во селата Чифлик, Тработивиште и Разловци, реализираа превентивна активност „Да ги заштитиме шумите од пожари“.

Во рамки на активноста, преку средби и разговори, на граѓаните им беше укажувано на потребата за совесно и одговорно однесување при извршување на земјоделски работи, со цел да се спречи појава на пожари и навремено пријавување до надлежните институции доколку се појави пожар на одреден простор.

Воедно, полициските службеници ги потсетуваа граѓаните за целосната забрана за движење во шумите и шумско земјиште, започната на 01.07.2025 во временски период од 00 часот до 24.00 часот со траење до 31.08.2025. Во рамките на активноста, на граѓаните им беа поделени и едукативни летоци.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace