Полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Исток и од Полициската станица од општа надлежност Делчево, вчера (17.07.) на подрачјето на општина Делчево во селата Чифлик, Тработивиште и Разловци, реализираа превентивна активност „Да ги заштитиме шумите од пожари“.
Во рамки на активноста, преку средби и разговори, на граѓаните им беше укажувано на потребата за совесно и одговорно однесување при извршување на земјоделски работи, со цел да се спречи појава на пожари и навремено пријавување до надлежните институции доколку се појави пожар на одреден простор.
Воедно, полициските службеници ги потсетуваа граѓаните за целосната забрана за движење во шумите и шумско земјиште, започната на 01.07.2025 во временски период од 00 часот до 24.00 часот со траење до 31.08.2025. Во рамките на активноста, на граѓаните им беа поделени и едукативни летоци.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Градоначалникот на Делчево Иван Гоцевски дел од јавниот форум „Жените знаат што им треба“, во организација на Здружението „Гласен Текстилец“ во Штип
ПОТПИШАНИ ДОГОВОРИ ЗА РАБОТНО АНГАЖИРАЊЕ ВО РАМКИ НА ПРОГРАМАТА ЗА ОКР ВО ОПШТИНА ВИНИЦА
Распишан конкурсот за општински стипендии за академската 2026/27 година