Додека повеќето деца уживаат во летниот распуст, најталентираните ученици по информатика од нашата земја интензивно се подготвуваат за претстојните меѓународни олимпијади. Тие се иднината на дигиталниот свет и дел од националните тимови по информатика, кои оваа недела се на подготовителен камп на Пониква, во хотел „Изгрев“, организиран од Здружението „Бистри умови“ и Здружението на информатичари на Македонија (ЗИМ).
Денес тие ја посетија компанијата „Мак Прогрес – Винчини“, каде ги очекуваше едно поинакво и незаборавно доживување: сами ги приготвија своите тортини, го посетија Едукативниот центар, ги разгледаа производствените погони и одблиску ја видоа магијата на производството – од првата состојка до финалниот производ.
„Мак Прогрес – Винчини“ не е само производител на чоколади и слатки – таа е приказна за поддршка, верба и пријателство. Веќе две години е верен спонзор на „Бистри умови“ и ЗИМ, обезбедувајќи производи за младите информатичари и придонесувајќи тие да имаат сила, енергија и инспирација да освојуваат медали за нашата земја.
Ваквите средби им даваат на младите не само знаење и искуство, туку и порака дека големите компании веруваат во нивниот талент и иднина.
Кога поддржуваш млади умови – инвестираш во иднината на целата држава.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Вашето дете често се буди навечер? Дознајте што можете да направите на бесплатната онлајн обука на dm и „Матрона“!
АХВ и Ветеринарната комора партнерски ќе бараат решенија за предизвиците
Денеска се одржа саем на женско претприемништво „ЕКСПО 2026“