БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Скопската полиција синоќа констатираше 128 сообраќајни прекршоци, 94 возачи на мотоцикл, лишено од слобода едно лице, пронајден кокаин

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Во текот на изминатата вечер (28/29.08.2025) во периодот од 17.00 до 01.00 часот од страна на Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје беше спроведена засилена акциска контрола по Оперативната акција „Безбеден сообраќај“. При тоа за време на контролата акцентот беше ставен на учесниците во сообраќајот кои управуваат мотоцикли. 

За време на контролата биле преземени мерки против 128 учесници во сообраќајот, од кои 94 за возачи на мотоцикли, 16 санкции за управување мотоцикл без возачка дозвола, 46 мерки за управување мотоцикли без заштитна кацига, 17 санкции за возење без положен испит за познавање на сообраќајните правила и прописи, шест мерки за управување мотоцикл без да поседува соодветна категорија, пет санкции за измината важност на сообраќајната дозвола, две мерки за непропуштање на пешаци на пешачи премин…

За време на сообраќајната контрола по Оперативната акција „Безбеден сообраќај“, полициски службеници го лишиле од слобода Д.Љ. бидејќи при извршен преглед кај него бил пронајден кокаин. Санкционирани се и 10 возачи за возење без возачка дозвола на патнички и товарни моторни возила, а изречени се и две мерки за возење под дејство на алкохол и една санкција за незастанување на даден знак СТОП од страна на униформирани полициски службеници.  

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Акциските контроли во рамки на оперативната акција ќе продолжат и во наредниот период со засилен интензитет. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и со тоа да придонесеме за побезбедни патишта.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace