БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Најава за музички спектакл за во недела во Делчево

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Караванот „Македонијо, во срце те носиме“ ја продолжува својата мисија кон Делчево!

По одличниот прв концерт одржан под ѕвезденото небо на Охрид караванот „Македонијо, во срце те носиме“ продолжува да ја шири својата музичка мисија  овојпат кон истокот на Македонија, во срцето на Делчево!

Во недела, на 31 август, со почеток од 20 часот делчевци и сите љубители на македонската песна ќе имаат чест да бидат дел од едно големо музичко доживување, кое не е само концерт – туку емоционално обединување, прослава на нашата култура, идентитет и љубов кон татковината.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Во Охрид пеевме во еден глас – во Делчево ќе запееме уште погласно! Македонската песна повторно ќе одекне затоа што ова не е само музика, ова е повик – да се сетиме кои сме, од каде доаѓаме и што носиме во себе.

Мисијата продолжува – да ја обоиме Македонија со најубавите звуци, да се собереме повторно, да пееме во еден глас и да покажеме дека Македонија е вечна затоа што живее во срцето на народот.“

Ве очекуваме во Делчево! Да го славиме она што сме. Да пееме за Македонија. Да бидеме едно.

Проектот е во организација на Скендеровски продукција.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace