БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Лишени од слобода возачи од Штип, Крива Паланка и Богданци, управувале возила под дејство на алкохол, а возачот од Крива Паланка предизвикал и сообраќајна несреќа

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

На 28.08.2025 во 17:25 часот на обиколница Богданци, полициски службеници од СВР Струмица- ОВР Гевгелија го лишиле од слобода Т.П.(70) од Богданци. При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „мазда“ со гевгелиски регистарски ознаки и по преземените мерки било утврдено дека Т.П. го управувал возилото под дејство на алкохол, односно дека имал 2.35 промили алкохол во крвта.

На 28.08.2025 во 18:30 часот на ул.„Рибник“ во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода Н.И.(38) од Штип. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „ровер“ со штипски регистарски ознаки, кое го управувал Н.И. и по преземени мерки било констатирано дека бил под дејство на алкохол, односно дека имал 3,07 промили алкохол во крвта.

На 29.08.2025 во 00:41 часот на ул.„Св. Јоаким Осоговски“ во Крива Паланка, полициски службеници од ОВР Крива Паланка го лишиле од слобода М.К.(24) од Крива Паланка. При увид на сообраќајна несреќа, во која тој учествувал со патничко возило „јагуар“ со кривопаланечки регистарски ознаки, полициските службеници констатирале дека М.К. има 1,64 промили алкохол во крвта.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Лицата се лишени од слобода и по целосно документирање на настаните, против нив ќе бидат поднесени кривични пријави за сторени кривични дела „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од Кривичниот законик.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace