Грдата слика на пренатрупани контејнери за комунален отпад се “живописното добредојде” за сите посетители на општина Делчево кои што влегуваат во Македонија преку граничниот премин на Бугарско-Македонската граница кај Делчево.
Со ваквиот однос на актуелната локална власт предводена од градоначалникот Горан Трајковски кој што седеше во градоначалничката фотелја цели 8 години, ѓубрето и неспособноста на актуелната локална власт се единствената несакана слика која што ја гради перцепцијата на граѓаните и посетителите за општина Делчево.
Оваа слика во најскоро време мора да се промени за да Делчево пркне на својот пат за подобар живот за сите граѓани.
За ваквата алармантна состојба своја кратка реакција упатија од Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Делчево кои порачаа дека и ѓубрето и ѓубраџиите треба да се исчистат!
“Ништо ново во нашиот пограничен град Делчево. Тајфата на Градоначалникот Горан Трајковски, на крајот на неговиот неуспешен мандат во содејство со другар му Стојче, се’ уште си стојат на зборот за чист град.
Градската депонија секојдневно не’ труе, а магистралниот пат А3 од Делчево према Граничниот премин е пренатрупан со ѓубре, со што само ја дава лошата слика за нив.
И ѓубрето и ѓубраџиите треба да се исчистат!”
напишаа на социјалните мрежи од ВМРО-ДПМНЕ ОК Делчево споделувајќи повеќе фотографии кои ја отсликуваат грдата слика на општина Делчево под раководство на актуелните власти од редот на СДСМ.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Пронајдена марихуана кај 17 годишник од Штип по што лицето било приведено
67 годишен жител на Кочани лишен од слобода по претходна пријава од сопругата за упатување закани
43 годишна жена од Берово физички нападната од нејзиниот сопруг