БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Николоски: Обвинителството да ја истражи злоупотребата на тајните служби а одговорните да бидат процесирани!

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Вицепремиерот и Министер за транспорт Александар Николоски во Македонската влада предводена од Премиерот Христијан Мицкоски доцна попладнево се огласи со свој став во врска со споделените информации дека политичари, новинари и бизнисмени биле следени и репресирани од страна на институциите на државата предводени од кадри на СДСМ во времето на владеењето на СДСМ и ДУИ на сите нивоа на централан и локална власт во државата.

“ОДГОВОРНОСТ И ПРОЦЕСУИРАЊЕ НА ОДГОВОРНИТЕ ЗА ЗЛОУПОТРЕБА НА ТАЈНИТЕ СЛУЖБИ КАКО ПРЕДУСЛОВ ЗА ДЕМОКРАТИЈА ВО МАКЕДОНИЈА!

Во опозиционите денови искажувавме сомнежи дека сме следени од тајните служби кои беа злоупотребувани од власта на СДСМ и ДУИ, а со нив и Стево Пендаровски.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Имавме сомнеж дека Агенцијата за разузнавање пишува клеветнички лажни извештаи до западните партнери и сојузници, а АНБ следела и прислушувала.

Тоа беше начин за политичка дискредитација кој не им успеа! Промените се случија на минатогодишните избори, а со тоа и патот кон расчистување во тајните служби и одговорност за оние кои ги злоупотребуваа!

Повикувам

Обвинителството ова да го истражи и одговорните да бидат процесуирани. Доста е од злоупотреби на тајните служби!!!”

-напиша на социјалните мрежи вицепремиерот Александар Николоски во врска со ова алармантно прашање кое во корен ја девалвираше работата на државните институции во времето на поранешната влада на СДСМ и ДУИ.

Креирано од:


Пренеси го гласот