БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Меѓународната активност на Премиерот Мицкоски донесе конкретен резултат за придвижување на евроинтеграциите на Македонија

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Со огромна доза на олеснување кај сите оние кои што се против внесувањето на Бугарите во Уставот на Република Македонија беше пречекана пораката на Претседателот на Европскиот Совет Антонио Кошта кон крајот на минатата недела.

„Она што е одобрено е одобрено, она што е договорено е договорни и тие треба да испорачаат. Но истовремено многу е важно да се гради доверба и да се увери Македонија дека она што го бараме сега, не е нешто што го бараме сега и чекаме потоа да побараме да направат повеќе“,

-рече Антонио Кошта упатувајки јасна и недвосмислена порака за потребата од почитувањето на позициите на Македонската влада предводена од Премиерот Мицкоски дека ваквата отстапка која што во рамки на меѓуародното право ја договори владата на Зоран Заев последна и дека Бугарија нема да поставува други вакви ирационални барања на патот на европските аспирации на Македонија.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Оваа мала но значајна дипломатска победа на Македонскиот државен врв во која за првпат се земаат во обзир Македонските позиции од страна на еден висок евро-функционер е плод на долгогодишни настојувања и аргументација на Македонските власти дури од времето кога ВМРО-ДПМНЕ беше во опозиција кога во секоја можна прилика овие аргументи беа афирмирани..

Ова порака која претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, ја испрати до Скопје, но и до Софија по средбата која пред неколку дена ја имаше со бугарскиот премиер, Росен Жељазков, е сосема нов момент во Европската политика чии што високи претставници до сега не водеа сметка за Македонските позиции и барања. Кошта порача дека ја разбира фрустрацијата од македонската страна од долгото чекање на членство, но оти условите одобрени за Македонија од страна на Европскиот совет во 2022 година, остануваат.

Кошта не ретерира од генералниот став на ЕУ но е првиот висок ЕУ функционер кој јавно укажува дека мора да има гаранции дека ова е последно барање на Бугарија во однос на Македонскиот влез во ЕУ.

На овој начин Македонскиот државен врв предводен од Премиерот Мицкоски со својата упорност и афирмативна политика за потребите на Македонските граѓани на меѓународен план со силна кадрова екипираност и непоколебливи аргументи успева на меѓународна сцена да ги разобличи обидите на бугарската држава за прекројување на Македонскиот национален идентитет а притоа да обезбеди силни партнери во ЕУ за Македонија да си го добие заслуженото место во Унијата.

Креирано од:


Пренеси го гласот