БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Уставниот суд не поведе постапка за оценување на Правилникот донесен од ДИК, кој ја регулира постапката за собирање на потписи за кандидатските листи

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Уставниот суд на денешната седница одлучи да не поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на Правилникот за регулирање на постапката за собирање на потписи за поддршка на кандидатските листи поднесени од група избирачи и начинот на определување на нотарите, за локалните избори 2025 година бр.08-1708/1 од 17.08.2025 година донесен од Државната изборна комисија. 

Според Уставниот суд, оспорениот Правилник не е во спротивност со Изборниот законик, во него Државната изборна комисија ги операционализирала законските одредби од ИЗ кои се однесуваат на постапката за собирање на потписи и ги регулирала сите дејствија што треба да се преземат при собирање на потписи во случај кога кандидатските листи се поднесени од група граѓани. Следствено на ова, Судот одлучи дека се неосновани наводите во иницијативите дека ДИК ги пречекорила своите овластувања, бидејќи во Изборниот законик не постои норма што го определува бројот на потребните потписи на избирачите во постапката за кандидирање. 

Според Уставниот суд определувањето во Правилникот дека кандидатската листа треба да биде поддржана со потписи од најмалку двајца избирачи е составен елемент на постапката за кандидрање и не претставува ограничувачки услов за поднесување на листите за кандидати, напротив оваа одредба е донесена со цел олеснување на постапката за кандидатура на независните кандидати. 

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Определувањето на минимален број од два потписи потребни за поддршка на кандидатската листа предложена од група граѓани во услови на правна празнина, е поврзано со легитимната цел и истатa значи постапување по одлуката на Уставниот суд У.бр.186/2024 (https://ustavensud.mk/archives/34667 ) и почитување на загарантираните права на граѓаните. 

Со оспорените одредби во Правилникот е овозможено реално остварување на избирачкото право на граѓаните и на независните кандидати, кои без вакво уредување и операционализација, во ситуација на правна празнина  би било сведено на декларативно признато право без можност за негова реализација. 

Претседателот на Уставниот суд на прес-конференција ги образложи аргументите за одлученото. 

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace
HTML Image as link Ваша идна дестинација за посета
An image from Squarespace