Во однос на немилиот настан во Велес, од СДС повторно користат трагични настани за политички поени.
Навистина е дегутантно да се говори за трагичен настан, во кој 3 лица го загубија животот за политички поени.
МВР постапило според своите законски обврски и должности и поднело кривична пријава кон лицето кое го извршило убиството. Прашањето зошто тоа лице не било во притвор, треба да го упатат кон луѓето кои СДС лично ги постави во обвинителството и судството.
Еднаш засекогаш СДС треба да научи да направи дистинкција помеѓу МВР и ЈО. Ако во нивно време тие беа едно и од иста партија, односно од СДС и ДУИ, сега тоа веќе не е така. Потребни се реформи во судството и тоа веднаш!


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Министерството за транспорт донесе одлука за ограничувањето на движењето на пловните објекти во Охридското, Преспанското и Дојранското езеро
Д-р Агаи: Кога еден живот завршува, друг може да добие нов почеток
Промовирано ново институционално лого на Јавното обвинителство