БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Интервју со Петар Ружински: кандидатот за градоначалник на Општина Берово

Пренеси го гласот

Со големо искуство како претседател на Советот на Општина Берово, кандидатот за градоначалник на Берово на претстојните Локални избори од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Петар Ружински со нескриен ентузијазам и конструктивност зборува за предизвиците на локалната самоуправа, приоритетните проекти и плановите за развој на Малешевијата. Неговата основна цел е Општина Берово да прерасне во вистински модерна и ефикасна општина која може да одговори на современите потреби на граѓаните во делокругот на работата. Под раководство на Петар Ружински таа цел ќе биде реализирана со многу подобра меѓусебна комуникација на сите релевантни факкори, значајно подобрување на материјално- техничките капацитети на општината и со воспоставување на приоритетни цели, нивно операционализирање преку иновативен процес имплементација и мерливи индикатори за успешност.

Во однос на соработката со централната власт и Владата, очекувањата на Ружински се дека со залагањата на него лично и неговиот тим на соработници и експерти, таа соработка ќе се подигне на многу повисоко ниво во иднина, бидејќи и до сега Премиерот Мицкоски во многу наврати се има докажано како голем пријател и поддржувач на развојот на Берово во изминатиот период, а тимот кој ќе го предводи Петар Ружински во целост ќе се вложат за имплементација на сите предвидени проекти во предизборната програма.

Од тој аспект ова наше интервју за Брегалнички Портал, со сигурност ќе послужи и како сведоштво за ветувањата на Петар Ружински кон беровчани, со чија што помош во наредните 4 години тој ќе ги реализира ветените проекти од својата програма а потоа во форма на Отчет како што доликува на една одговорна и домаќинска локална власт ќе излезе пред јавноста да ги соопшти резултатите од својата работа.


„Нашата визија е модерна, дигитална и услужна општина која работи за граѓаните и стопанството“

Главни предизвици: бавни процедури и недоволна дигитализација

„Како претседател на Советот имав директен увид во работата на администрацијата. Главен проблем се бавните административни процедури и недостигот на дигитализација. Граѓаните губат премногу време за основни услуги,“

-вели на самиот почеток од нашето интервју Ружински и притоа веднаш посочува на:

Решение: дигитализација и виртуелен општински асистент

„Реална можност е целосна дигитализација на најкористените услуги и воведување на виртуелен асистент. Целта е да создадеме брза, ефикасна и услужна општина која работи за граѓаните, а не обратно,“

-вели Петар Ружински во одговор на нашето прашање во однос на првите решенија што ќе ги спроведе како иден градоначалник на општина Берово.


Компаративните предности на Берово

2. Брегалнички Портал: Според Вас кои се компаративните предности на општина Берово во однос на останатите општини во поширокиот регион, кои што имаат потенцијал уште повеќе да бидат развивани во наредниот период?

Природнитe и културнитe богатства на Берово како двигател на развојот

На ова наше прашање Ружински истакнува три клучни предности:

  • Уникатната природа – чист воздух, борови шуми, Беровско езеро.
  • Богатата традиција и културно-историско наследство.
  • Автентични локални производи – малешевско сирење и компир.

„Овие предности мора да се претворат во економски развој, пред сè преку унапредување на туризмот,“

-дециден е со својот одговор Кандидатот за градоначалник на општина Берово Петар Ружински од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на претстојните локални избори.


Приоритетни проекти за граѓаните

3. Брегалнички Портал: Кои се поголемите приоритетни проекти што се потребни на граѓаните на Берово за реализација во наредните неколку години?

Петар Ружински: “Три капитални приоритети за остварување на целите предвидени во новата општинска визија која ќе се реализира преку имплементацијата на проектите предвидени во нашата програмата се:

  1. Модерен и безбеден влез во градот – уредување на влезот во Берово и изградба на велосипедска и пешачка патека до с. Смојмирово.
  2. Градски полуотворен базен – проект кој ќе нуди рекреација за граѓаните и ќе ја зајакне туристичката понуда во текот на целата година.
  3. Нов Генерален и Детален урбанистички план – постојните планови се од 1992 година, што ја прави нивната замена неопходна за спречување на хаотична урбанизација и обезбедување одржлив развој.”

Локалните институции – потенцијал за подобра координација

Во одговор на прашањето “како ја оценува работата на локалните институции во Берово досега” и “што може да се подобри во наредниот период во поглед на развој на јавните дејности и услугите што ги нудат овие институции за сите граѓани на Берово, Петар Ружински истакнува:

„Институциите имаат стручни и посветени вработени. Проблемот не е во луѓето, туку во системот и недостаток на визија. Потребна е подобра координација, модернизација на опремата и јасни цели. Како градоначалник ќе инсистирам на редовна комуникација и заедничко планирање.“


Однос со Владата и централните институции

5. Брегалнички Портал: Како ја оценувате досегашната соработка на Општина Берово со Владата и владините институции (министерства, агенции…)? Дали има можности за оваа соработка во иднина да се подобри?

Петар Ружински: „Соработката со централната власт мора да биде многу подобра. Во минатото, локалните потреби често не беа слушнати. Сега со Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ имаме историска можност за вистинско партнерство. Како иден градоначалник ќе бидам мостот кој ќе донесе повеќе средства, побрза реализација на проекти и динамичен развој за цела Малешевија.“


Генерален заклучок од средбите со граѓаните

6. Брегалнички Портал: Вашата постојана комуникација со граѓаните овозожува споделување на искуства во врска со реални секојдневни проблеми со кои се соочуваат беровчани. Дали можете да издвоите генерален заклучок за тоа што им недостига на граѓаните на општина Берово, што може да се промени во наредните 4 години во нивен интерес?

На граѓаните им недостасуваат економска перспектива и внимание

Петар Ружински: „Стотиците средби со граѓаните покажаа два главни проблеми: недостаток на економска перспектива и чувството дека никој не ги слуша. Иселувањето на младите поради немање работни места е најголем предизвик. Затоа програмата ни е фокусирана на отворање нови можности и постојан дијалог со граѓаните.“

7. Брегалнички Портал: Потекнувате од приватниот сектор со богато лично искуство. Вашиотпрофесионален капацитет и знаење го посветувате на најмладите. Кажете ни нештоповеќе за Вашиот професионален труд во изминатиот период.

Петар Ружински: Точно. Долго време работам како ментор по математика во неформалнотообразование. Ова искуство ми дава уникатна комбинација на вештини: длабокоразбирање на потребите и потенцијалот на младите, но и знаење како да се реализираатпроекти кои ќе им помогнат да успеат.

Преку постојан контакт со граѓаните до развој на вистинска демократија во Берово

8. Брегалнички Портал: Во рамки на Вашиот досегашен политички ангажман јавноста може да посведочи дека имате редовна комуникација и контакти со локални стопанственици. Има ли можности за дополнителен развој на локалната економија во Берово и на кој начин?

Петар Ружински: “Апсолутно. Можностите се големи. Нашата стратегија има два главни столба:
1. Активирање на ТИРЗ зоната за привлекување на поголем инвеститор кој ќе отвори добро платени работни места.
2. Силна поддршка за малите, локални бизниси. Ова ќе го направиме прекупретворање на неискористениот бизнис инкубатор во модерен Младински HUB, каде младите ќе добијат простор, менторство и поддршка за да ги претворат своите идеи во успешни бизниси”,

-вели Кандидатот за градоначалник на Берово од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во одговор на нашето прашање на кое неминовно се надоврзува и следното прашање:

9. Брегалнички Портал: Туризмот е препознатлива стопанска дејност за Берово и Малешевијата. Што етоа што недостига на локалниот туризам и на кој начин локалната самоуправа може дадопринесе за развој на оваа дејност уште повеќе во иднина?

Петар Ружински: На туризмот му недостасува систем и организација. Имаме многу индивидуални успешни приказни, но немаме обединета понуда. Затоа, нашиот клучен проект е формирање на Локална Туристичка Организација (ДМО) – „Визит Берово“.

Оваа организација ќе ги обедини сите хотели, ресторани и производители. Ќе создадеме модерна дигитална платформа и апликација. Така, Берово ќе го претвориме во модерна и лесно достапна еко-туристичка дестинација.


Кампањата – позитивна и чесна

10. Брегалнички Портал: Каква предизборна кампања ќе водите за овие Локални избори? Кои се главните принципи во однос на самиот изборен процес за кои ќе се залагате во кампањата?

Петар Ружински: „Нашата кампања ќе биде таква каква што сакаме да биде и идната локална власт: позитивна, отворена, чесна и фокусирана на решенија. Нема да се занимаваме со празни обвинувања. Ќе бидеме секој ден на терен, во директен разговор со граѓаните. Главниот принцип ни е почит кон секого.“


Порака до граѓаните

11. Брегалнички Портал: Што ќе им порачате на вашите сограѓани и што очекувате од претстојните локални избори?

Петар Ружински: „Берово има огромен потенцијал, но потребна е нова енергија и јасен план за тој потенцијал да се оствари. Очекувам граѓаните да ја препознаат нашата искрена намера, стручноста на тимот и квалитетот на програмата. Ги повикувам да ми ја дадат довербата, за заедно да изградиме Берово во кое младите ќе остануваат и на кое сите ќе бидеме горди.“

Креирано од:


Пренеси го гласот