Во рамките на одбележувањето на Европската недела на мобилност, а по повод Меѓународниот ден без автомобили, вчера на 22 септември, Општина Кочани во соработка со ОСБСП ја организираше традиционалната велосипедска тура „По патеката на оризот“.
Настанот бешее отворен за учество на сите граѓани, љубители на велосипедот, рекреативци, членови на спортски и велосипедски здруженија. Велосипедистите ќе возат на релацијата: Кочани – Грдовци – Мојанци – Подлог – Кочани. Стартот на турата беше во 16 ч. од Градскиот плоштад. Турата беше спроведена според протоколите за безбедност во сообраќајот од страна на Одделението за внатрешни работи – Кочани.
На враќање, од Подлог кон Кочани, со едноминутно молчење велосипедистите оддадоа почит на жртвите во дискотеката „Пулс“, во пожарот на 16 март оваа година.
Оваа активност имаше за цел да ги поттикне граѓаните за користење превозни средства што не ја загадуваат животната средина.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Градоначалникот на Делчево Иван Гоцевски дел од јавниот форум „Жените знаат што им треба“, во организација на Здружението „Гласен Текстилец“ во Штип
ПОТПИШАНИ ДОГОВОРИ ЗА РАБОТНО АНГАЖИРАЊЕ ВО РАМКИ НА ПРОГРАМАТА ЗА ОКР ВО ОПШТИНА ВИНИЦА
Распишан конкурсот за општински стипендии за академската 2026/27 година