Проблем со радарот стар 27 години го решивме за само три дена. Седум години никој не водел сметка за резервни делови бидејќи уште пред седум години престанале да ги произведуваат. Се соочивме со проблем, но благодарение на професионалците успеавме во рок од три дена да го решиме и да го ставиме во функција, вели заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски за ТВ Сител.
Тој нагласи дека со одлука на Влада ќе биде задолжен М-НАВ да почне да работи и во период од неколку месеци целосно да го стави во функција новиот радар.
“Со одлука на Владата ќе го задолжиме М-НАВ да почне да работи и очекувам во еден период од неколку месеци целосно да го стави во функција новиот радар. Постојат стандардни тестови, но М-НАВ ќе работи во рамки на потребното време целосно да го стави во функција новиот радар. Во овој момент имаме целосно во функција три радари, еден за охридскиот аеродром, два на скопскиот така да имаме целосна безбедност. Точно е дека се соочивме со проблем минатата недела кога откажа еден од радарите на скопскиот аеродром. Она што го откривме минатата недела е дека тој радар седум години работел на еден канал. Истиот е стар 27 годнин, пред седум години престанале да се прават резервни делови и седум години не се обезбедувале делови што беше и дополнителен проблем. Успеавме проблем кој што се ставал под тепих 27 години да го решеиме за три дена.”- потенцира Николоски.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Здравјето почнува со добри навики: dm поддржа панел за машкото здравје и понуди dmBio и Sportness закуски на Health & Fitness Forum 2026 во Скопје
Објавен е „Буле и Куле мамкини и таткини“ – роман за младешкиот бунт и светот на возрасните
Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026