БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Советничката листа на СДСМ во Делчево го нема задоволено законскиот минимум на застапеност на жени, надлежните е потребно итно да реагираат!

Пренеси го гласот

На овие Локални избори од СДСМ Делчево во трката на кандидатите за Советот во општина Делчево довербата на делчевчани ја бараат вкупно 15 кандидати за членови во Советот.

Од тие 10 кандидати се мажи а 5 кандидати се жени.

Во продолжение пренесуваме извадок од Изборниот Закон кој што го регулира бројот на мажи и жени кој што е загарантиран на секоја од кандидатските листи што се кандидирале на овие локални избори.

Во Изборниот Закон член 64, Став 5 поради запазување на родовата рамноправност е предвидено минимум 40% од кандидатите за советници во советот на општината да бидат од помалку застапениот пол.

Според официјалните податоци во Општина Делчево има вкупно 14 825 жители од кои мажи се 7529 а жени се 7296, што ги прави жените помалку застапен пол.

Според изнесените бројки следува дека 5-те кандидатки за советници со процентуална застапеност од 1/3 односно 33.3% не го исполнуваат законскиот критериум од 40% за да се кандидира оваа листа на советници на изборите кои ќе се одржат на 19 Окттомври.

Оваа незаконтост на советничката листа на СДСМ и нивната коалиција во Делчево на овие локални избори останува да биде проследена од ДИК како надлежно тело за постапување по спроведувањето на Изборниот процес, а за кој исход јавноста во Делчево очекува резултати.

Дополнително ваквиот однос на СДСМ Делчево го става под знак прашање нивниот демократски капацитет за правична застапеност на жените во јавните политики на локално ниво во Делчево и односот кон жените во целост.

Креирано од:


Пренеси го гласот