На што се сведе СДСМ во Делчево?
Ова прашање вечерва си го поставија и најтврдокорните СДСМ-овци кои што вечерва посведочија на катастрофално најмалата посетеност на митинг кој што оваа партија некогаш го имала во Делчево.
Соочени со минималната поддршка помеѓу граѓаните на Делчево по неколку денови од почетокот на кампањата за Локалните избори, СДСМ вечерва на својот главен предизборен митинг за денешниот ден во Делчево се обиде да го скрие својот срам во малата сала во Спомен домот АСНОМ, каде што ги презентираа кандидатите за советници и кандидатот за градоначалник од оваа партија за Делчево.
Ваквиот дебакл на СДСМ во градот кој со години го забораваа и го оставија на маргините, им врати со истата мера — со јасна порака дека времето на политички трговци и лицемери заврши.

Жителите на градот кој што беше опседнат постојано со отровниите јазици чад од градската депонија, на најдобар можен начин молчешкум му покажаа на Венко Филипче и Горан Трајковски што мислат за нивните политики во Делчево.
Поплавените жители на Булевар Македонија во изминатите години, до ден денес не спијат мирно не заборавајќи ги “успесите” на Горан Трајковски со изградбата на атмосферската канализација која се излеа при првиот налет на пообилен дожд.

Откако со години ја нарекуваа државата „наша земја“, а ја продадоа под името „Северна“, сега наеднаш се сетиле на Република Македонија. Но Делчевчани не забораваат!
Исто како што не ги забораваат пожарите кои ги опустошија Пијанечките и Малешевските планини додека надлежните функционери на СДСМ празнуваа и бегаа од јавноста.

Тие не забораваат кој го потпиша Преспанскиот договор, кој агитираше во центарот на Делчево рамо до рамо со Зоран Заев за тој Преспански договор ветувајки европско здравство итн… кој го потпиша најштетниот договор со источниот сосед, поради кој Македонија е во ќорсокакот на чекалната на ЕУ, и кој ја распродаде честа и идентитетот на македонскиот народ.
Венко и Горан Трајковски можеби мислат дека ќе ја измамат јавноста со празни политички флоскули, глумејки некаква еуфорија и јачина, но фотографиите од вечерашниот собир зборуваат повеќе од илјада зборови. Едвај стотина луѓе, половина од нив донесени од други општини останаа да ракоплескаат на пропаста која СДСМ ја остави во Делчево и Македонија..
Во Делчево нема место за соработници на Али Ахмети, нема место за политичари кои ја користеа власта за личен интерес, нема место за СДСМ и нивниот криминален систем кој ја осиромаши источна Македонија.
На 19 октомври, Делчево ќе испрати јасна порака – крај за политиките на предавство, криминал и популизам. Крај за СДСМ!
Вистината е една: Делчево останува со Македонија!


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Нов динамичен концепт за развој на туризмот во Делчево: Градоначалникот Гоцевски најави формирање на Совет за развој на туризмот
„Шпански денови на вкусот“ – кочански ориз зготвен по шпански рецепти
16 годишник од Кочани со мотоцикл удрил во 74 годишна жена