БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

22 години од Масакрот кај Љуботенски бачила

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

На денешен ден 10 август во 2001 година кај месноста Љуботенски Бачила на Скопска Црна Гора во кукавички напад со нагазни мини загинуваат осум припадници на резервниот армиско состав на АРМ кои што дејствуваа во одбрана на татковината против терористичките формации на ОНА.

Македонските херои кои што налетаа на терористички мини во атарот на село Љуботен се:

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace
  •  Томе Бадаревски († 33) од Скопје
  •  Марјанчо Бошковски († 28) од Волково, Скопско
  •  Томе Димовски († 37) од Скопје
  •  Ивица Златевски († 24) од Скопје
  •  Бранко Јанев († 36) од Скопје
  •  Раде Јанковски († 32) од Волково, Скопско
  •  Томислав Настевски († 27) од Ѓорче Петров, Скопје
  •  Гоце Чанкуловски († 39) од скопско Љубанци

– Марјанчо имал кус дијалог со лекарот.

„Докторе, однесете ме дома. Знам дека тука ми е крајот. Однесете ме дома само да ги видам сестра ми и мајка ми. Само да ги видам.

Не ми е жал што ќе умрам, загинав за Македонија”.

Постојат шпекулации дека терористичкиот чин бил организиран од страна на Џавит Асани – лидер на помала терористичка група на ОНА, а истите имале и логистичка поддршка од локалното цивилно население во селото Љуботен коишто им го дале точното време и правец на движење на македонските безбедносни сили тој ден.

Томе Димовски кажувал дека им е тешко, бидејќи на позиции биле по двајца, а терористите постојано ги провоцирале. Дури и пукале кон нив.

Велел дека им е забрането да пукаат. Објаснувал дека за секој испукан куршум армијата ќе им наплатела по три марки казна.

Загинатите бранители на Македонија ќе останат како светол пример за сегашните и идни генерации Македонци за чување и бранење на слободата на Македонија кои што овие маченици со својата крв најскапо ја платија. Нека им е вечна слава!

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace
HTML Image as link Ваша идна дестинација за посета
An image from Squarespace