БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Општина Карбинци со впечатлива предновогодишна програма за своите сограѓани носи празнична магија за дочекот на новата 2026 година

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Општина Карбинци предводена од Градоначалникот Виктор Паунов, за своите сограѓани во пресрет на најлудата вечер во годината- Дочекот на новата година, организира повеќе културно-забавни настани преку кои што ќе ја подигне новогодишната еуфорија на повисоко ниво.

Тимот во општината предводен од Градоначалникот Паунов подолго време работеше на воспоставување на соработка со повеќе уметници, културни работници како и приватни компании, со цел да овозможи на сите граѓани на општина Карбинци да бидат дел од новогодишната магија во периодот кој следува.

Во рамки на предвидената програма ќе се реализираат неколку настани во повеќе денови со содржини кои што ќе го привлечат вниманието на сите генерации, од најмлади до повозрасни.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

“Новогодишна еуфорија и во општина Карбинци! 🎉

Општина Карбинци организира неколку вечерни настани кои ќе бидат реализирани во рамки на програмата за култура, а влезот ќе биде бесплатен!

▶️ 27.12.2025 од ⏰18:00ч. Театарска претстава на театар Хит Скопје со темата ,,Мечето Панда и Дедо Мраз” во домот на културата во село Таринци;

▶️ 28.12.2025 од ⏰19:00ч. Stand UP со Бојан Велевски во домот на културата во село Таринци;

▶️ 29.12.2025 од ⏰16:30ч. Предновогодишен базар во дворот на општината, со многу подароци за дечињата и забава со познати ликови! 🎅🏻🧑‍🎄

Ве очекуваме! 🙂“

-стои во соопштението упатено во јавноста од страна на Виктор Паунов – Градоначалник на Општина Карбинци.

Инаку оваа програма се реализира со поддршка на општествено- одговорни приватни компании со кои што општината предводена од Градоначалникот Паунов остварува одлична соработка во интерес на заедницата а кои што ќе приредат повеќе изненадувања за дечињата и граѓаните.

Креирано од:


Пренеси го гласот