БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Бочварски како градоначалник на Штип во 2020 година подрошил 4.5 мил. мкд за улица која сега пак се реконструира

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

😡‼️Денес по втор пат за неполни 3 години се направи целосна реконструкција на ул.,,Коле Неделков” во населба Леваци.

Зошто ⁉️

👇

Граѓаните на Штип по кој знае кој пат ја плаќаат неодговорноста на функционерите❗️ Но дали некој ќе одговора за неодговорност❓️

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

За оваа улица пред само 3 години тогашниот градоначалник, а сегашен министер за транспорт и врски, од парите на граѓаните потрошил 4.5 милиони денари, за промена на водоводната мрежа и асфалтирање на истата улица.

Парите на граѓаните се потрошиле, но после 2.5 години дефектот на водоводната линија ја отрки целата вистина. Дефектот предизвика свлечување на целата улица како и потреба од ископ и проверка на подземната инфраструктура. Проверката ја извади на површина старата водоводна линија за која се потрошиле пари за промена, но никогаш не била заменета со нова.

Па така, добивме свлечена улица со нов асфалт, нервозни граѓани, стара водоводна линија и потрошени 4.5 милиони денари.

После ваквата состојба, бевме приморани да извршиме промена на водоводната мрежа, ископ на целата улица, повторно асфалтирање и нови 4.5 милиони денари.

Денес улицата ,,Коле Неделков” чини 9 милиони денари од парите на граѓаните, и дефинитивно е најскапата улица по m2.

Во нормални држави МВР и ЈО одамна ќе отвореа истрага, кај нас ги наградуваме со напредок во кариера.

Мојата чудесна земја.”

-интегрален текст на соопштение упатено до јавноста од страна на градоначалникот на Штип Иван Јорданов преку социјалните мрежи.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace