Премиерот Христијан Мицкоски во придружба на Заменик Министерот за социјална политика демографија и млади Ѓоко Велковски денеска присуствуваше на пригоден настан за пуштање во употреба на нова детска градинка со капацитет за згрижување на 84 дечиња во Сопиште.
“Денеска присуствував на отворање на нова детска градинка во Сопиште.
Детската градинка „Виножито“, ќе овозможи згрижување и воспитание на 84 дечиња од предучилишна возраст и се наоѓа на локација која ќе одговара и на жителите од Долно Соње, Горно Соње, Добри Дол и Ракотинци.
Средствата за изградба на оваа детска градинка се обезбедени од Владата преку Министерството за социјална политика, демографија и млади.
Ние како Влада сите овие проекти ќе ги подржуваме и во иднина, сето она што претставува интерес на граѓаните, а посебно на најмилите на најмладите на дечињата ќе биде наш и е наш врвен приоритет во таа насока е изградбата на ваков тип на објект.”
-напиша на социјалните мрежи Македонскиот Премиер во врска со оваа инвестиција на владата.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Градоначалникот на Делчево Гоцевски оствари средба со активисти на невладината организација “Жена” од Делчево
Тошковски на промоцијата на Националната стратегија: Значително намален бројот на жртви во сообраќајот, Македонија во конкуренција за светско признание за сообраќајна безбедност на светскиот полициски самит во Дубаи
dm повторно го отвора еко-конкурсот „Зелена иднина: од градинка до училиште“ – пријавете го вашиот двор за раззеленување!