Во текот на денешниот ден во кабинетот на Македонскиот Претседател на Владата Христијан Мицкоски се одржа проштална средба со амбасадорката на САД во Македонија Анџела Агелар.
По тој провод кратка порака во јавноста упати Премиерот Мицкоски до која ја изрази својата благодарност за придонесот во унапредувањето на односите меѓи Македонија и САД.
“Денеска се одржа проштална средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави во Македонија, Анџела Агелер.
На средбата беше изразена благодарност за нејзиниот ангажман, поддршката и придонесот во унапредувањето на односите меѓу двете држави.
Во пријатна и конструктивна атмосфера се разменија мислења за досегашната соработка, како и за значењето на партнерството и заедничките вредности. Упатени беа искрени желби за успех во нејзините понатамошни професионални ангажмани.”
-соопшти преку социјалните мрежи Премиерот Мицкоски.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Пронајден хероин во дом на жител од Свети Николе
Кривична пријава за 4 жители на Крива Паланка
150 студентки, отворени предавања и силна порака од dm по повод Светскиот ден на менструалната хигиена