БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Весна Писаровиќ после концертот ќе се дружи со публиката во фоајето на Филхармонија

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Во сабота (28 март) Скопје ќе биде домаќин на долгоочекуваната средба со Весна Писаровиќ, која по години пауза конечно ќе застане пред македонската публика.

Концертот во Филхармонија носи посебна емоција и значење, и не само поради безвременските хитови што ќе одекнат, туку и поради начинот на кој самата уметница одлучи да ѝ се оддолжи на публиката.

Имено, на нејзина иницијатива, веднаш по концертот во фоајето ќе има неформално дружење со посетителите; редок и искрен гест со кој сака да им се заблагодари на сите што и по толку години пауза покажаа дека нејзината музика сè уште живее и дека копнееле за оваа средба.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Очекувањата за саботниот концерт се вечер исполнета со емоции, блискост и спомени што ќе се создаваат и надвор од сцената, зачинети со дегустација на коктели и слатки изненадувања.

За скопскиот концерт Писаровиќ подготвува и посебни изненадувања, односно најави дека ќе запее и на македонски јазик, како дополнителен гест кон публиката, со што концертот добива уште поинтимна и автентична димензија.

На сцената ќе ѝ се придружи и долгогодишниот пријател Владо Јаневски, со кого освен култната „Љубав је религија“ во моментот што се очекува да биде кулминација на вечерта ќе изведат уште нешто што љубоморно го кријат како изненадување.

Концертот ќе понуди внимателно одбран репертоар од нејзините најголеми хитови, споени со нова енергија и поинаков, поинтимен пристап што ветува вистинско музичко доживување.

И уште една важна информација до публиката – настанот ќе се реализира во малата сала на Филхармонија.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace