По повод отворањето на денешниот настан под мотото „Youth Vision 2030: Western Balkans, Stability & AI in Education“, во организација на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, Студентската организација на ЕПП и фондацијата Конрад Аденауер, даде изјава Даниел Браун, официјален претставник на Фондацијата Конрад Аденауер, кој истакна дека е од клучно значење младите луѓе од регионот да се среќаваат и да дебатираат на вакви настани.
„Како младите од регионот гледаат на политичкиот развој во нивните земји е од исклучително значење и ми е драго што фондацијата Конрад Аденауер ја поддржува оваа иницијатива на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ и ЕДС. Политичката стабилност е основа за позитивен развој на земјите. Тоа изискува доверба и развој на концепти за иднината. Затоа е важно младите и ангажирани луѓе од регионот да се среќаваат на вакви настани и да дискутираат“, рече Браун.
Официјалниот претставник на Фондацијата Конрад Аденауер, Даниел Браун го истакна фактот што вештачката интелигенција има голема улога во однос на подобрување на техничките можности потенцирајќи дека треба да се водат дебати за повеќе области како образованието и трудот.
„Фактот што вештачката интелигенција има голема улога е сосема логичен со оглед на тековните технолошки развој. Не се работи само за подобрени технички можности, туку и за прашањата како ВИ ги менува нашите општества и какви политички одговори треба да се најдат. Како држави и општества мора да се подготвиме на тоа и да водиме дебати за образованието, трудот, но и за основните прашања на заедничкиот живот“, вели Браун.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Божиновска со низа билатерални средби и пораки за забрзана транзиција на UNECE Resource Management Week
Шеикот Венко од Емиратите: Сепак претседателот на СДСМ има златна виза како менаџер и инвеститор во Обединетите Арапски Емирати
Божиновска од UNECE Resource Management Week 2026: Одлучни политики, силни инвестиции и меѓународна соработка за одржлива енергетска иднина