БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Божиновска-Ју: Модернизацијата во енергетиката и зелената транзиција клучни за енергетска одржливост 

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска имаше работна средба со висока делегација на Светска банка, предводена од г-ѓа Xiaoqing Yu, директорка на Канцеларијата на Светска банка за Северна Македонија.

Оваа средба е продолжение на досегашната соработка и координација за имплементацијата на клучните проекти во државата, меѓу кои посебен акцент е ставен на модернизацијата на системите за централно греење во Битола и Скопје, како и за актуелните активности на Министерството на полето на енергетиката. 

Министерката Божиновска на средбата ги презентираше стратешките енергетски проекти во насока на забрзување на процесот на зелена транзиција и плановите за реализација на нови инвестиции во обновливи извори на енергија.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

На средбата, беше потенцирано значењето на енергетската ефикасност, за што министерката Божиновска информираше дека се работи на реализација на енергетска ефикасност на јавните згради, со којшто план се очекува да бидат опфатени вкупно 33 институции. Со тоа, како што истакна министерката, директно ќе се придонесе кон почист воздух и енергетска одржливост, но истовремено и ќе се остварат придобивки за граѓаните, но и ќе се влијае врз економскиот развој на државата.

Посебен дел на средбата беше посветен на регионалното енергетско поврзување на државата, при што беа поздравени напорите на Министерството за создавање стабилен, модерен и одржлив енергетски систем.

Двете страни се согласија дека цврстата партнерска соработка ќе продолжи и во иднина, при што беше истакнато дека Светската банка и понатаму ќе обезбедува силна поддршка во различни сектори со цел остварување на европската перспектива на земјата.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace
HTML Image as link Ваша идна дестинација за посета
An image from Squarespace