Нови садници на високостеблести дрвца беа засадени на повеќе локации во градот Кочани.
Надлежните служби од Општина Кочани озеленуваат дел од јавните површини.
Сто и педесет садници од јасен, јавор, црвена слива, индиски јоргован, бреза, туја и ликвидамбир се засадени на улиците „Четврта македонска бригада“, „Скопска“ „Тодосија Паунов“, во разделните зеленила на градските сообраќајници, во Градскиот парк, а се обновуваат и испразнети места во дрворедите низ градот.
Хортикултурното уредување и озеленување на јавните површини се реализира со средства од Буџетот на Општина Кочани, според програмските активности за заштита на животната средина.
Комуналните инспекциски служби од Општина Кочани апелираат за совесно и одговорно однесување кон новите садници, дрвјата и воопшто кон зелените површини.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Одбележан патрониот празник на ООУ „Крсте Петков Мисирков“ во Оризари
Предложен притвор за вработен во ДЗС осомничен за поткуп
Делегација на МВР учествуваше на 15. конференција на ИНТЕРПА во Доха, Катар