Денеска во соседна Бугарија се реализираа општи Парламентарни избори за избор на пратеници во Бугарското собрание.
Тоа што за Македонија е интересно е што многу малку граѓани од Македонија ќе гласаат на овие избори и покрај тврдењата на официјалната бугарска држава дека во Македонија живеал илјадници бугари за кои се бара да влезат во Македонскиот устав како конститутивен народ.
По тој повод и Премиерот Христијан Мицкоски изрази разочараност од нискиот одзив на македонските Бугари на парламентарните избори во Бугарија, посочувајќи дека интересот за гласање е значително помал од очекуваниот.
„Благо разочаран сум поради нискиот одзив на македонските Бугари, бидејќи само 250 македонски Бугари се заинтересирани да учествуваат на овие избори, од оние, според Радев, повеќе од 200.000. Очекував излезеноста да биде поголема“, изјави Мицкоски.
Тој додаде дека очекува граѓаните на Бугарија да изберат влада со јасна европска ориентација и добрососедски пристап.
„Очекувам граѓаните на Бугарија да изберат премиер кој е европски ориентиран, односно претседател на Владата кој ќе е добрососедски ориентиран и наместо билатералните прашања ќе се посвети на промотор на копенхашките критериуми“, рече премиерот.
Изјавата доаѓа во период кога Македонија е блокирана во процесот на пристапување во Европската Унија поради спорот со Бугарија, која бара внесување на Бугарите во Уставот. Македонската Влада изразува сомнеж дека ваквите услови би можеле да претставуваат основа за нови блокади во иднина, па без гаранции одбива уставни измени.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Алиу – Кузмановска: Во најтешките мигови едно семејство донесе одлука што значи живот – спасен живот на пациент со трансплантација на црн дроб и подобрен квалитет на живот кај пациент со трансплантиран бубрег
Мицкоски изрази чудење за различниот став на Градоначалникот на Крива Паланка и неговата матична СДСМ во врска со стратешкиот проект во село Луке
Мицкоски во однос на обвинувањата на Блерим Беџети од ДУИ: секој има право на презумција на невиност