БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Заменик-министерот Ристески се обрати на отворањето на Првиот Бизнис форум во општина Делчево „Заедно да подадеме рака на развојот“

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески денес учествуваше на Првиот Бизнис форум во Општина Делчево, каде се обрати пред поголем број на стопанственици од Пијанечко-Малешевскиот регион, како и од соседна Република Бугарија.

Првиот Бизнис форум „Заедно да подадеме рака на развојот“ се организира со цел поврзување на локалната бизнис-заедница, институциите и потенцијалните инвеститори, како и за размена на идеи и иницијативи насочени кон економската соработка и развој на општина Делчево и регионот.

– Организирањето на ваквите бизнис форуми се одлична можност за вмрежување на компаниите и инвеститорите, но и поврзување на бизнис-заедницата и институциите што може да резултира со создавање на нови економски можности и инвестициони иницијативи. Сметам дека општина Делчево, како и останатите општини од Пијанечкиот и Малешевскиот регион имаат многу што да понудат на инвеститорите од Македонија и Бугарија, дека постои голем потенцијал за економска соработка, а секако треба да се искористат и можностите за прекуграничната соработка – кажа заменик-министерот Ристески.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Во рамки на форумот присутните имаа можност да земат учество во повеќе панел-дискусии од областа на процесите на иновации и дигитализација во стопанството, можностите за соработка со соседните региони, потенцијалите за развој и пласман на локални производи, а се одржаа и директни „B2B“ средби помеѓу компаниите.

Пред присутните претставници на бизнис секторот од Македонија и Бугарија градоначалникот на Делчево, Иван Гоцевски ги презентираше можностите за инвестирање во општината и регионот. Гоцевски потенцираше дека покрај можностите за зголемена соработка во туристичко-угостителската област, постои и голем потенцијал за зголемена соработка и инвестиции и во останатите економски области и индустрии.

На Првиот Бизнис форум во Делчево „Заедно да подадеме рака на развојот“ учество зедоа повеќе компании од Македонија и Бугарија, а истиот беше во организација на Општина Делчево и Македонско-Бугарска Стопанска Комора.

Овој Форум е одлична платформа за продлабочување на економската соработка меѓу компаниите од двете земји и истата може да придонесе во воспоставувањето на нови партнерства и интензивирање на трговската и инвестициската размена.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace