Утринава во кабинетот на Градоначалникот на Општина Делчево Иван Гоцевски имаше прием на една од најзначајните жени научници во Германија која што е родена и израснала во Делчево.
Д-р Сања Пановска неодамна е прогласена за една од 100 највлијателни жени во науката од престижен Германски медиум а нејзиното поле на експертиза е магнетното поле на земјината топка.
“Денеска со право можам да констатирам дека Делчево дефинитивно е расадник на прекрасни умови кои што со својата мисла, работа и знаење може да се наредат во редот на големи европски интелектуалци со светско реноме.
Тоа што на Богојавление- Водици го започнавме како една нова приказна за афирмација на Делчево, денес добива уште една силна потврда. Нашата делчевка Сања Пановска не е само уште еден делчевец кој успеал во својата професија надвор од Делчево. Таа е инспирација за најмладите-иднината на нашето Делчево дека покрај реката Брегалница под планините Голак и Влаина може да се родат и да израснат луѓе кои со своето дело може да го обликуваат светот и модерната наука. Овде имаме институции кои што во наредниот период ќе работат уште понапорно за создавање на уште поубава приказна за препознатливост на Делчево.
Чест ми е што можев да поразговарам со Д-р Сања Пановска која што е дел од GFZ Хелмхолдс- центарот за Геонауки кој пак е дел од најголемата научна асоцијација во Германија.
Делчево и делчевчани може да бидат горди на Сања Пановска чија што животна приказна може да инспирира многу нови научници од Делчево да се појават на светската научна сцена во блиска иднина.
А наш завет како локални институции е да работиме напорно фокусирани токму во таа насока.
-напиша на социјалните мрежи градоначалникот на општина Делчево Иван Гоцевски во врска со оваа средба.
Општина Делчево на своите официјални канали за комуникација со јавноста исто така пренесе информација во врска со оваа средба:


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Најава за презентација на активности од проектот „Вештини – клучот на зелената економија“ во Кочани
Започна регистрацијата за обуката „AI4HerWellbeing“ – спој на вештачка интелигенција и благосостојба за жени во Кочани
36 годишен жител на делчевското селo Габрово го нарушувал јавниот ред и мир во кафеана а потоа физички нападнал полицаец