Советот на Општина Берово, на денешната седница, го усвои Правилникот за наградување на ученици и ментори, кои оствариле значајни резултати, на државни и меѓународни натпревари, индивидуално или групно.
Со донесувањето на овој правилник, Општина Берово уште еднаш ја потврдува својата заложба за поддршка, мотивирање и поттикнување на младите таленти, како и вреднување на трудот, знаењето и посветеноста на нивните ментори.
Правилникот има за цел, да обезбеди дополнителна мотивација за учениците, да продолжат со постигнување врвни резултати во различни области, но и да ја афирмира важноста на образованието, знаењето и вложувањето во младите генерации. Воедно, преку оваа мерка, се испраќа јасна порака дека трудот, успехот и посветеноста и на учениците, но и на менторите, заслужуваат признание и поддршка од локалната заедница.
Согласно Правилникот, ќе се доделуваат парични награди за освоени први, втори и трети награди/ места на државни и меѓународни натпревари, организирани од акредитирани здруженија на наставници, за индивидуални и групни натпреварувања.
Со оваа одлука, Општина Берово продолжува активно да вложува во образованието, успехот и развојот на младите, создавајќи дополнителна мотивација за постигнување врвни резултати и афирмација на општината, на државно и меѓународно ниво.
Општина Берово останува посветена на креирање мерки и политики, кои ќе придонесат за поддршка на учениците, наставниот кадар и развојот на квалитетното образование, како еден од најважните столбови за иднината на локалната заедница


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Уште една компанија ја препозна посветеноста на градоначалникот на Делчево Иван Гоцевски
Aнкица Манасиевска – нов в. д. директор на ОУ „Никола Карев“
Сања Пановска е дел од “Најдоброто на Делчево”. Градоначалникот Гоцевски рече дека таа е инспирација за сите млади луѓе кои сакаат да бидат научници