БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Aнкица Манасиевска – нов в. д. директор на ОУ „Никола Карев“

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Со  решeние за именување од 15 мај 2026 година, градоначалникот на Општина Кочани Владко Грозданов ја именува Анкица Манасиевска за вршител на должноста директор на ООУ „Никола Карев“ – Кочани.

Манасиевска, која е долгогодишен одделенски наставник во ОУ „Никола Карев“, ќе ги врши работите до именување нов директор, не подолго од шест месеци од денот на именувањето.

На предавањето на решението, градоначалникот ѝ посака успех во менаџирањето и  во реализацијата на воспитно-образовниот процес. Манасиевска се заблагодари за довербата за оваа одговорна функција, истакнувајќи дека ќе ја оправда со зачувување на добрата клима за работа во училиштето и со учениците во наставата.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Анкица Манасиевска доаѓа на местото на Александар Андов, чиј мандат престана заклучно со 6 мај 2026 година, на негово барање.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace