БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Одбележан 20 годишниот јубилеј од постоењето на музејот “Теракота” во Виница

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Пред неколку денови со пригодна свеченост и повеќе настани беше одбележан 20 годишното постоење на еден од најзначајните музеи во Македонија Музејот “Теракота” од Виница.

На настанот свое обраќање имаше и градоначалникот на општина Виница Миткок Костадиновски кој што го потенцираше значењето на музејот како за општината така и пошироко за Македонскиот идентитет и богатство.

“Со особена чест и задоволство присуствував на одбележувањето на значајниот јубилеј – 20 години од постоењето и дејствувањето на Локалниот археолошки и историски музеј „Теракота“ – Виница.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Во изминатите две децении, музејот се изгради во вистински чувар на нашето културно и историско наследство, институција која успешно ја претставува Виница на културната мапа на Македонија и пошироко.Музеј „Теракота“ остава неизбришлива трага во зачувувањето и промоцијата на богатото наследство на нашиот крај.

Јубилејот беше одбележан со богата дводневна програма која ги обедини науката, културата и уметноста. На 2 јуни се одржа научна конференција на тема „Музеите – трезори на културната меморија, предизвици и перспективи за развој“, а вечерта продолжи со свечена програма, доделување признанија на поединци кои дале особен придонес во основањето и развојот на музејот, изложба и пригоден коктел.

Во рамките на одбележувањето, беше оддадена почит и на ликот и делото на д-р Коста Балабанов, еден од најзначајните македонски археолози и голем пријател на Виница, чие дело останува трајна инспирација за сите генерации кои работат на зачувување на културното наследство.

Упатувам искрени честитки до директорот, вработените, сите поранешни и сегашни соработници и пријатели на музејот. Нека овој јубилеј биде поттик за нови успеси, проекти и достигнувања во афирмацијата на богатото културно наследство на Виница.

Среќен јубилеј – 20 години Музеј „Теракота“!”

-напиша на социјалните мрежи Градоначалникот на Виница Митко Костадиновски.

Креирано од:


Пренеси го гласот