Менса Македонија за прв пат организира ТЕСТИРАЊЕ на општата интелигенција со цел прием на нови членови,
на 11.06.2026 (четврток), во 18:30 часот, во просториите на Nexus Community Center, Партизанска б.б., Радовиш.
Кандидатите е потребно:
– да имаат полни 16 години,
– да уплатат 600 денари на:
примач: Менса Македонија,
сметка: 300-0000002113-02 Комерцијална банка,
цел на дознака: Тестирање
– да понесат документ за лична идентификација на самото тестирање,
– од претходното тестирање да се поминати најмалку 6 месеци и
– претходно да не се тестирале повеќе од два пати.
Пријавувањето се одвива на линкот:
https://forms.gle/ypexLGKhoMQPccPc9
каде треба да прикачите и доказ за извршена уплата, заклучно со 10.06.2026.
Во согласност со иницијативата на Менса за подршка на крводарителството и младите лица. Сите крводарители, ученици и студенти имаат 50% попуст, односно треба да уплатат 300 МКД.
Тестирањето се одвива со стандардизирани тестови за интелигенција на Mensa International® и резултатите се тајни.
Доколку вашиот резултат е во горните 2% од светската популација, стекнувате право да станете член на Менса Македонија, а со тоа и на Mensa International®.
Придружете ни се!

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Меѓународен успех на МВР: „Безбеден град“ ја освои наградата за сообраќајна безбедност на Светскиот полициски самит во Дубаи
АД МЕПСО ДОДЕЛУВА 15 СТИПЕНДИИ ЗА СТУДЕНТИТЕ ПО ЕЛЕКТРОТЕХНИКА
Министерот Клековски на Денот на здравјето на COP31: Здравјето мора да биде во центарот на климатската акција