Со финиширањето на учебната година полумарурантите од Македонска Каменица ги сумираат резултатите од нивното основно образование, во форма на оценки, но и впечатоци и спомени врз основа на кои ќе “пливаат” во нивниот понатамошен тек на животот. Едно скалило за овие млади луѓе е поминато а следуваат многу други.
Облечени во нивни свечени костими, полумарурантите од Основното општинско училиште “Св. Кирил и Методиј” од Македонска Каменица имаа можност заеднички да се дружат, веселат и фотографираат за спомени кои ќе ги следат во наредните години како едни од најубавите моменти во нивните животи.
Градоначалничката на општина Македонска Каменица Соња Стаменкова упати свои пораки во врска со овој настан и им посака многу среќа и успех на учениците во нивните понатамошни ученички денови како средношколци.
“Вечерва имав можност да ја споделам радоста со нашите полуматуранти од ООУ „Св. Кирил и Методиј“ – генерација млади луѓе пред кои стојат нови предизвици, нови знаења и нови успеси.
Полуматурската вечер е еден од оние моменти што долго се паметат – вечер исполнета со насмевки, емоции, пријателства и спомени кои ќе останат засекогаш дел од нивното детство.
Гледајќи ги овие млади луѓе, исполнети со енергија, надеж и амбиција, верувам дека пред нив стои светла иднина. Токму тие се нашата гордост и нашата најголема вредност.
На сите полуматуранти им посакувам многу успех во понатамошното образование, добро здравје, среќа и храброст секогаш да веруваат во себе и во своите можности.
Продолжете да учите, да напредувате и со гордост да ја претставувате Македонска Каменица каде и да ве однесе животниот пат.
Честитки до учениците, нивните родители, наставници и училишниот колектив за заедничкиот труд, посветеност и поддршка во изминатите години.
На сите полуматуранти им посакувам незаборавна вечер и многу успеси во годините што доаѓаат. Среќно!”
-напиша на социјалните мрежи Соња Стаменкова-Градоначалник на општина Македонска Каменица во врска со овој настан.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Поднесено обвинение за телесна повреда при семејно насилство во Битола
Предложен притвор за загрозување на сигурноста во Куманово
Потпишан петгодишен протокол за соработка со Универзитетот Тракија: обука за македонските здравствени работници во Едрене