Општина Кочани како организатор на Петровденскиот турнир во мал фудбал, гопродолжува рокот за пријавување на учесниците вотурнирот до 24 јуни 2026 година.
Екипите треба да уплатат котизација во износ од 3 000 денари на сметката: 210041087870107 – депонент НЛБ банка,ОФС – Кочани, да достават име на екипата и список од десет играчи со наполнети 16 години.
Пријавите може да се земат од Едношалтерската канцеларија на Општина Кочани или од веб-страницата на Општина Кочани www.kocani.gov.mk.
Ждребувањето и започнувањето на натпреварите ќе биде во договор со екипите. Дополнителни информации може да се добијат од Столе Тошев, на телефонскиот број 078 294 073.
Првата награда на најуспешната екипа на турнирот ќе биде во износ од 60 000 денари, втората од 30 000 и третата во износ од 15 000 денари.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Претстои реконструкција на игралиштата во ООУ „Св. Кирил и Методиј“
Полскиот амбасадор во посета на Општа болница Кочани
Градоначалникот на Делчево Иван Гоцевски дел од јавниот форум „Жените знаат што им треба“, во организација на Здружението „Гласен Текстилец“ во Штип